Псалми
Глава 28
Кон Тебе повикувам, Господи, моја Карпо; не молчи пред мене, зашто ако останеш нем, ќе бидам како оние што слегуваат во гробот. (Псалми 28:1)
Чуј го гласот на моите молби кога Те повикувам и кога ги кревам рацете кон Најсветото место на Твоето светилиште. (Псалми 28:2)
Не одвлекувај ме заедно со безбожните и со оние што прават зло; тие зборуваат мирно со своите ближни, а во срцето кријат зло. (Псалми 28:3)
Возврати им според нивните дела и според злобата на нивните постапки; дај им го она што го заслужиле со делата на своите раце. (Псалми 28:4)
Тие не внимаваат на Господовите дела, ниту на она што го направиле Неговите раце; затоа Тој ќе ги урне и нема повторно да ги изгради. (Псалми 28:5)
Славен нека биде Господ, зашто го чу гласот на моите молби. (Псалми 28:6)
Господ е моја сила и мој штит; во Него се надева моето срце и Тој ми помогна. Затоа срцето ми се радува и со својата песна ќе Го славам. (Псалми 28:7)
Господ е силата на Својот народ и спасоносна тврдина за Својот Помазаник. (Псалми 28:8)
Спаси го Својот народ и благослови го Своето наследство; биди нивен Пастир и носи ги довека. (Псалми 28:9)