Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 36

  1. 1

    Беззаконието му шепоти на безбожниот длабоко во срцето; пред неговите очи нема страв од Бог.

  2. 2

    Тој самиот се залажува, убедувајќи се дека неговото зло нема да биде откриено и осудено.

  3. 3

    Зборовите од неговата уста се зло и измама; престанал да постапува мудро и да прави добро.

  4. 4

    Дури и на својата постела смислува зло; намерно застанува на лош пат и воопшто не го мрази злото.

  5. 5

    Господи, Твојата милост се протега до небесата, а Твојата верност до облаците.

  6. 6

    Твојата праведност е како величествените планини, а Твоите судови се како големата бездна; Ти, Господи, ги чуваш и луѓето и животните.

  7. 7

    Колку е драгоцена Твојата милост, Боже! Луѓето наоѓаат засолниште под сенката на Твоите крилја.

  8. 8

    Тие се наситуваат од изобилието на Твојот дом, а Ти им даваш да пијат од реката на Своите радости.

  9. 9

    Кај Тебе е самиот извор на животот; во Твојата светлина и ние гледаме светлина.

  10. 10

    Продолжи да им ја покажуваш Својата милост на оние што Те познаваат, а Својата праведност на оние со искрено срце.

  11. 11

    Не дозволувај ногата на горделивиот да ме згази, ниту раката на безбожникот да ме протера.

  12. 12

    Ете, таму паднаа оние што прават зло; соборени се и повеќе не можат да станат.