Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 43

  1. 1

    Суди ми, Боже, и застапи го мојот спор против безбожен народ; избави ме од измамливиот и неправеден човек.

  2. 2

    Зашто Ти си Бог, мојата сила. Зошто ме отфрли? Зошто одам нажален поради угнетувањето од непријателот?

  3. 3

    Испрати ги Својата светлина и Својата вистина; нека ме водат и нека ме доведат до Твојот свет рид, до местото каде што живееш.

  4. 4

    Тогаш ќе пристапам до Божјиот жртвеник, до Бог, мојата најголема радост; со харфа ќе Ти пеам пофалба, Боже, Боже мој.

  5. 5

    Зошто си обесхрабрена, душо моја? Зошто си толку немирна во мене? Надевај се на Бог, зашто повторно ќе Го славам — Тој е моето спасение и мојот Бог.