Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 52

  1. 1

    Зошто се фалиш со злото, силнику? Божјата милост трае постојано.

  2. 2

    Твојот јазик смислува погибел; остар е како брич и дејствува измамливо.

  3. 3

    Го сакаш злото повеќе од доброто, а лагата повеќе од вистината.

  4. 4

    Ги сакаш сите зборови што носат пропаст, измамлив јазику.

  5. 5

    Затоа Бог ќе те урне засекогаш; ќе те зграпчи, ќе те извлече од твојот шатор и ќе те искорени од земјата на живите.

  6. 6

    Праведните ќе го видат тоа и ќе се исполнат со стравопочит; ќе му се потсмеат и ќе речат:

  7. 7

    „Еве го човекот што не Го направи Бог своја тврдина, туку се надеваше на своето големо богатство и се засилуваше преку сопственото зло.“

  8. 8

    А јас сум како зелена маслина во Божјиот дом; во Божјата милост ќе се надевам во вечни векови.

  9. 9

    Ќе Те славам довека за она што си го направил, и пред Твоите свети ќе се надевам на Твоето име, зашто е добро.