Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 53

  1. 1

    Безумниот си вели во срцето: „Нема Бог.“ Луѓето се расипаа и направија одвратни дела; нема никој што прави добро.

  2. 2

    Бог погледна од небото кон луѓето, за да види има ли некој разумен, некој што Го бара Бог.

  3. 3

    Сите отстапија и сите заедно се расипаа; нема никој што прави добро, нема ниту еден.

  4. 4

    Зар немаат разум оние што прават зло, кои го јадат Мојот народ како леб, а Бог не Го повикуваат?

  5. 5

    Таму ги обзеде голем страв, иако немаше причина да се плашат, зашто Бог ги распрсна коските на оние што се кренаа против тебе. Ти ги посрами, бидејќи Бог ги отфрли.

  6. 6

    О, нека дојде од Сион спасението за Израел! Кога Бог ќе го врати Својот народ од ропство, Јаков ќе се радува, а Израел ќе се весели.