Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 54

  1. 1

    Боже, спаси ме со силата на Своето име и одбрани ме со Својата моќ.

  2. 2

    Боже, чуј ја мојата молитва и внимавај на зборовите од мојата уста.

  3. 3

    Зашто туѓинци се кренаа против мене, а насилници го бараат мојот живот; тие воопшто не Го поставија Бог пред себе.

  4. 4

    Ете, Бог ми помага; Господ е Оној што ми го одржува животот.

  5. 5

    Тој ќе им го врати злото на моите непријатели; според Својата верност уништи ги.

  6. 6

    Доброволно ќе Ти принесам жртва и ќе го славам Твоето име, Господи, зашто е добро.

  7. 7

    Зашто Ти ме избави од секоја неволја, а моите очи го видоа падот на моите непријатели.