Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 60

  1. 1

    Боже, Ти нѐ отфрли и нѐ разби; се разгневи на нас — сега обнови нѐ повторно.

  2. 2

    Ја потресе земјата и ја расцепи; исцели ги нејзините пукнатини, зашто уште се ниша.

  3. 3

    На Својот народ му покажа тешки нешта; нѐ напои со вино од кое се тетеравиме.

  4. 4

    Но на оние што имаат страв од Тебе им даде знаме, за да го развеат поради вистината.

  5. 5

    За да бидат избавени Твоите сакани, спаси нѐ со Својата десна рака и одговори ни.

  6. 6

    Бог проговори во Својата светост: „Ќе се радувам; ќе го разделам Шехем и ќе ја измерам долината Сукот.

  7. 7

    Мој е Гилад, Мој е и Манасија; Ефрем е шлемот на Мојата глава, а Јуда е Мојот владетелски стап.

  8. 8

    Моав е Мојот сад за миење; врз Едом ќе ја фрлам Својата обувка; филистимска земјо, извикај поради Мојата победа!“

  9. 9

    Кој ќе ме одведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе сѐ до Едом?

  10. 10

    Зар не Ти, Боже, иако нѐ отфрли и повеќе не излегуваш со нашите војски?

  11. 11

    Дај ни помош против непријателот, зашто човечката помош е залудна.

  12. 12

    Со Бог ќе направиме храбри дела, зашто токму Тој ќе ги згази нашите непријатели.