Псалми
Глава 70
- 1
Боже, побрзај да ме избавиш! Господи, дојди брзо да ми помогнеш!
- 2
Нека се посрамат и збунат оние што го бараат мојот живот; нека се повлечат понижени оние што се радуваат на мојата несреќа.
- 3
Нека се вратат засрамени оние што ми велат: „Аха! Аха!“
- 4
А сите што Те бараат нека се радуваат и веселат во Тебе; оние што го сакаат Твоето спасение секогаш нека велат: „Нека се возвеличува Бог!“
- 5
Јас сум сиромашен и немоќен; Боже, побрзај кон мене. Ти си мојата помош и мојот Избавител; Господи, не доцни.