Псалми
Глава 82
- 1
Бог стои во Божјото собрание и суди меѓу оние што се наречени богови:
- 2
„До кога ќе судите неправедно и ќе им давате предност на безбожниците?
- 3
Бранете ги правата на сиромашниот и сиракот; донесувајте правда за угнетениот и бедниот.
- 4
Избавувајте ги сиромашниот и немоќниот; ослободувајте ги од рацете на безбожниците.
- 5
Но тие ништо не знаат и ништо не разбираат; одат во темнина, а сите темели на земјата се разнишуваат.
- 6
Јас реков: ‚Вие сте богови; сите вие сте синови на Севишниот.
- 7
Но сепак ќе умрете како и другите луѓе и ќе паднете како секој земен владетел.‘“
- 8
Стани, Боже, и суди ѝ на земјата, зашто сите народи Ти припаѓаат.