Псалми
Глава 93
- 1
Господ царува, облечен во величие; Господ е облечен и препашан со сила. Затоа светот стои цврсто и нема да се разниша.
- 2
Твојот престол е утврден уште од древноста; Ти си од вечноста.
- 3
Реките го кренаа својот глас, Господи; реките ја кренаа својата силна бучава.
- 4
Но Господ во висините е помоќен и од татнежот на големите води и од силните морски бранови.
- 5
Твоите сведоштва се целосно верни; светоста му прилега на Твојот дом, Господи, засекогаш.