Псалми
Глава 95
- 1
Дојдете, да Му пееме на Господ и радосно да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение.
- 2
Да излеземе пред Него со благодарност и со псалми радосно да Му пееме.
- 3
Зашто Господ е велик Бог и голем Цар над сите богови.
- 4
Во Неговата рака се земните длабочини, а Негови се и највисоките планински врвови.
- 5
Негово е морето, зашто Тој го создаде, а Неговите раце го обликуваа и копното.
- 6
Дојдете да се поклониме и да паднеме ничкум; да клекнеме пред Господ, Оној што нѐ создаде.
- 7
Зашто Тој е наш Бог, а ние сме народот на Неговото пасиште и овците што ги води Неговата рака. Денес, ако го слушнете Неговиот глас,
- 8
не стврднувајте ги своите срца како кај Мерива, како во денот кога Ме искушувавте во пустината,
- 9
каде што вашите татковци Ме искушуваа и Ме испитуваа, иако со свои очи ги видоа Моите дела.
- 10
Четириесет години се гневев на тоа поколение и реков: „Тоа е народ што заблудува во срцето и не ги познава Моите патишта.“
- 11
Затоа во Својот гнев се заколнав: „Тие нема да влезат во Мојата почивка.“