Прескокни кон главната содржина

1 Летописи

Глава 24

  1. 1

    Ова беа редовите на Ароновите потомци. Ароновите синови беа: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.

  2. 2

    Надав и Авиуд умреа пред својот татко и немаа синови, па Елеазар и Итамар служеа како свештеници.

  3. 3

    Давид, заедно со Садок од Елеазаровите потомци и Ахимелех од Итамаровите потомци, ги подели според нивната служба.

  4. 4

    Меѓу Елеазаровите потомци се најдоа повеќе водачи отколку меѓу Итамаровите потомци. Затоа ги поделија вака: шеснаесет водачи на татковски домови од Елеазаровите потомци и осум од Итамаровите потомци.

  5. 5

    И едните и другите ги поделија со ждрепка, зашто водачи на светилиштето и водачи на Божјиот дом имаше и од Елеазаровите и од Итамаровите потомци.

  6. 6

    Семаја, синот на Натанаил, левитскиот писар, ги запиша пред царот, пред водачите, пред свештеникот Садок, пред Ахимелех, синот на Авијатар, и пред водачите на татковските домови на свештениците и левитите. Се земаше по еден татковски дом од Елеазар, па еден од Итамар.

  7. 7

    Првата ждрепка падна на Јојарив, втората на Једаја,

  8. 8

    третата на Харим, четвртата на Сеорим,

  9. 9

    петтата на Малхија, шестата на Мијамин,

  10. 10

    седмата на Акос, осмата на Авија,

  11. 11

    деветтата на Јесуа, десеттата на Сеханија,

  12. 12

    единаесеттата на Елијасив, дванаесеттата на Јаким,

  13. 13

    тринаесеттата на Уфа, четиринаесеттата на Јесевав,

  14. 14

    петнаесеттата на Вилга, шеснаесеттата на Имир,

  15. 15

    седумнаесеттата на Езир, осумнаесеттата на Афисес,

  16. 16

    деветнаесеттата на Петаија, дваесеттата на Езекиил,

  17. 17

    дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул,

  18. 18

    дваесет и третата на Делаја, а дваесет и четвртата на Маазија.

  19. 19

    Тоа беше редот на нивната служба, според кој требаше да влегуваат во Господовиот дом, според одредбата што им ја даде нивниот предок Арон, како што му заповеда Господ, Израелевиот Бог.

  20. 20

    Од останатите Левиеви потомци: од Амрамовите потомци – Суваил; од Суваиловите синови – Једаја.

  21. 21

    Од Равија, од Равиевите синови – Јесија, главниот.

  22. 22

    Од Исаровците – Селомот; од Селомотовите синови – Јаат.

  23. 23

    Од Хевроновите синови: Јерија, првиот; Амарија, вториот; Јазиил, третиот; и Јекамеам, четвртиот.

  24. 24

    Од Озииловите синови – Михеј; од Михеевите синови – Самир.

  25. 25

    Михеев брат беше Јесија; од Јесиевите синови – Захарија.

  26. 26

    Мерариевите синови беа Маалиј и Мусиј. Јазијиниот син беше Вено.

  27. 27

    Мерариевите потомци преку Јазија беа: Вено, Соам, Закхур и Ивриј.

  28. 28

    Од Маалиј беше Елеазар, кој немаше синови.

  29. 29

    Од Кис – Кисовиот син Јерамеил.

  30. 30

    Мусиевите синови беа: Маалиј, Едер и Јеримот. Тоа беа Левиевите потомци според нивните татковски домови.

  31. 31

    И тие, како своите браќа, Ароновите потомци, фрлаа ждрепка пред царот Давид, Садок, Ахимелех и водачите на татковските домови на свештениците и левитите. Со главниот татковски дом се постапуваше исто како и со домот на неговиот помлад брат.