1 Летописи
Глава 4
Јудини синови беа Фарес, Есрон, Хармиј, Ор и Совал. (1 Летописи 4:1)
На Соваловиот син Реај му се роди Јат, а на Јат му се родија Ахумај и Лад. Тоа беа Саратските родови. (1 Летописи 4:2)
Ова беа синовите на таткото Итам: Езраел, Есма и Едвас, а нивната сестра се викаше Аселелфонија. (1 Летописи 4:3)
Фануил беше татко на Гедор, а Есер беше татко на Хус. Тоа беа синови на Ор, Ефратиниот првенец, таткото на Витлеем. (1 Летописи 4:4)
Асхор, таткото на Текоа, имаше две жени, Ела и Нара. (1 Летописи 4:5)
Нара му ги роди Ахузам, Ефер, Теман и Ахастар. Тоа беа Нарините синови. (1 Летописи 4:6)
Елини синови беа Серед, Јесоар и Етнан. (1 Летописи 4:7)
На Кос му се родија Анув и Совив, како и семејствата на Арумовиот син Ахарил. (1 Летописи 4:8)
Јавис беше поугледен од своите браќа. Неговата мајка го нарече Јавис, велејќи: „Го родив со болка.“ (1 Летописи 4:9)
Јавис Го повика Израелевиот Бог и рече: „О, да ме благословиш и да го прошириш моето подрачје! Нека биде Твојата рака со мене и чувај ме од злото, за да не ме снајде болка!“ И Бог му го даде она за што се молеше. (1 Летописи 4:10)
На Хелув, братот на Суја, му се роди Мехир; тој беше Естонов татко. (1 Летописи 4:11)
Од Естон потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир-Нас. Тоа беа Рихавовите луѓе. (1 Летописи 4:12)
Кенезови синови беа Готонил и Серај. Готонилови синови беа Атат и Меонот. (1 Летописи 4:13)
На Меонот му се роди Офра; на Серај му се роди Јоав, таткото на жителите во Долината на Ракотворците, зашто беа занаетчии. (1 Летописи 4:14)
Синови на Ефониевиот син Халев беа Ир, Ила и Нам; Илин син беше Кенез. (1 Летописи 4:15)
Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил. (1 Летописи 4:16)
Езрини синови беа Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Меред му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој. (1 Летописи 4:17)
Неговата жена Јудејка ги роди Јеред, таткото на Гедор, Евер, таткото на Сохо, и Екутил, таткото на Заноа. Тоа беа синовите на Витија, фараоновата ќерка, која Меред ја зеде за жена. (1 Летописи 4:18)
Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, беа таткото на Гармиецот Кеила и Махатецот Естемој. (1 Летописи 4:19)
Симонови синови беа Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Есеови синови беа Зохет и Вен-Зохет. (1 Летописи 4:20)
Синови на Јудиниот син Сила беа Ир, таткото на Лиха, Лада, таткото на Мариса, и семејствата на ткајачите во Вет-Асвеа; (1 Летописи 4:21)
потоа Јоким, луѓето од Хасива, Јоас и Сараф, кои владееја над Моав, и Јасуви-Лехем. Тоа се стари преданија. (1 Летописи 4:22)
Тие беа грнчари и живееја во Нетаим и Гедера; таму престојуваа кај царот и работеа за него. (1 Летописи 4:23)
Симеонови синови беа Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул. (1 Летописи 4:24)
Саулов син беше Салум, негов син Мивсам, негов син Мисма. (1 Летописи 4:25)
Мисмин син беше Амуил, негов син Захур, а негов син Симеј. (1 Летописи 4:26)
Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, па сите нивни семејства не се намножија толку како Јудините синови. (1 Летописи 4:27)
Тие живееја во Вир-Савеја, Молада и Асар-Саул, (1 Летописи 4:28)
во Вала, Асем и Толад, (1 Летописи 4:29)
во Ветуил, Орма и Сиклаг, (1 Летописи 4:30)
во Вет-Мархавот, Асар-Сусим, Вет-Виреја и Сараим. Тоа беа нивните градови до Давидовото царување. (1 Летописи 4:31)
Нивни населби беа Итам, Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови, (1 Летописи 4:32)
и сите села околу тие градови до Вал. Тоа беа нивните живеалишта и нивното семејно потекло. (1 Летописи 4:33)
Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса, (1 Летописи 4:34)
Јоил и Јуј, синот на Јосивиј, син на Серај, син на Асил, (1 Летописи 4:35)
Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај, (1 Летописи 4:36)
Зиса, синот на Сифеј, син на Алон, син на Едај, син на Симриј, син на Семај. (1 Летописи 4:37)
Овие, запишани по име, беа поглавари на своите родови, и нивните семејства многу се намножија. (1 Летописи 4:38)
Затоа отидоа до Гедор, до источната страна на долината, за да бараат пасиште за своите стада. (1 Летописи 4:39)
Најдоа изобилно и добро пасиште и широка, мирна и безбедна земја, бидејќи порано таму живееја Хамовите потомци. (1 Летописи 4:40)
Симеоновците, запишани по име, дојдоа во времето на јудејскиот цар Езекија, ги разбија нивните шатори и ги уништија тамошните Меунци. Ги истребија до денес и се населија на нивното место, зашто таму имаше пасишта за нивните стада. (1 Летописи 4:41)
Потоа петстотини луѓе од Симеоновите синови отидоа на планината Сир, предводени од Есеевите синови Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил. (1 Летописи 4:42)
Тие го погубија остатокот од Амаликците што беше избегал и се населија таму до денес. (1 Летописи 4:43)