Прескокни кон главната содржина

1 Коринтјаните

Глава 16

  1. 1

    А во врска со собирањето помош за светите, постапете и вие како што им наредив на црквите во Галатија.

  2. 2

    На првиот ден од секоја седмица, секој од вас нека одделува и чува онолку колку што му дозволуваат приходите, за собирањето да не се врши дури кога ќе дојдам.

  3. 3

    А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите ќе ги испратам со писма да го однесат вашиот дар во Ерусалим.

  4. 4

    А ако биде потребно и јас да одам, тие ќе одат со мене.

  5. 5

    Ќе дојдам кај вас откако ќе поминам низ Македонија, зашто ќе поминам низ Македонија.

  6. 6

    А можеби ќе останам кај вас, па и ќе презимувам, за вие да ме испратите понатаму каде и да тргнам.

  7. 7

    Зашто не сакам да ве видам само патем; се надевам дека ќе останам некое време кај вас, ако дозволи Господ.

  8. 8

    А во Ефес ќе останам до Педесетница,

  9. 9

    зашто ми се отвори голема и делотворна врата, иако има многу противници.

  10. 10

    Ако дојде Тимотеј, погрижете се да нема од што да се плаши меѓу вас, зашто и тој го врши Господовото дело како и јас.

  11. 11

    Затоа никој да не го презира. Испратете го во мир, за да дојде кај мене, зашто го очекувам заедно со браќата.

  12. 12

    А во врска со братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но тој сега воопшто не сака да дојде. Ќе дојде кога ќе му се укаже можност.

  13. 13

    Бдејте, стојте цврсто во верата, бидете храбри и силни.

  14. 14

    Сѐ што правите, правете го со љубов.

  15. 15

    Браќа, знаете дека членовите на домот на Стефан се првите што поверуваа во Ахаја и дека се посветија да им служат на светите. Ве молам,

  16. 16

    и вие да им се покорувате на таквите и на секој што соработува и се труди.

  17. 17

    Се радувам на доаѓањето на Стефан, Фортунат и Ахаик, зашто тие го надоместија вашето отсуство.

  18. 18

    Тие го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа почитувајте ги таквите.

  19. 19

    Ве поздравуваат црквите во Азија. Акила и Прискила многу ве поздравуваат во Господ, заедно со црквата што се собира во нивниот дом.

  20. 20

    Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.

  21. 21

    Поздравот е од мене, Павле, напишан со мојата рака.

  22. 22

    Ако некој не Го љуби Господ, нека биде проклет. Мараната!

  23. 23

    Благодатта на Господ Исус нека биде со вас.

  24. 24

    Мојата љубов нека биде со сите вас во Христос Исус.