Прескокни кон главната содржина

1 Солунјаните

Глава 1

  1. 1

    Павле, Силван и Тимотеј, до црквата во Солун, која е во Бог Таткото и во Господ Исус Христос: благодат и мир да имате.

  2. 2

    Секогаш Му благодариме на Бог за сите вас, спомнувајќи ве постојано во своите молитви,

  3. 3

    сеќавајќи се на делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и постојаноста на вашата надеж во нашиот Господ Исус Христос, пред Бог, нашиот Татко.

  4. 4

    Знаеме, браќа, сакани од Бог, дека сте избрани,

  5. 5

    Зашто нашето проповедање на Евангелието меѓу вас не беше само со збор, туку и со сила, со Светиот Дух и со полна увереност. И самите знаете како се однесувавме меѓу вас заради вас.

  6. 6

    И вие се угледавте на нас и на Господ: го примивте Зборот среде големи неволји, но со радоста што ја дава Светиот Дух,

  7. 7

    така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.

  8. 8

    Зашто од вас се разгласи Господовиот Збор, не само во Македонија и Ахаја, туку и насекаде стана позната вашата вера во Бог, така што нема потреба ние ништо да кажуваме.

  9. 9

    Зашто самите луѓе раскажуваат како бевме примени кај вас и како се одвративте од идолите кон Бог, за да Му служите на живиот и вистински Бог

  10. 10

    и да Го очекувате од небесата Неговиот Син Исус, Кого Го воскресна од мртвите и Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.