Прескокни кон главната содржина

1 Солунјаните

Глава 3

  1. 1

    Затоа, кога веќе не можевме да издржиме, сметавме дека би било добро да останеме сами во Атина,

  2. 2

    а Тимотеј, нашиот брат и Божји соработник во Евангелието на Христос, го испративме за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера,

  3. 3

    за да не се поколеба никој поради овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени,

  4. 4

    зашто кога бевме кај вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете, така и се случи.

  5. 5

    Затоа и јас, не можејќи веќе да издржам, го испратив Тимотеј за да дознаам за вашата вера, плашејќи се да не ве искушал искушувачот и нашиот труд да не станал залуден.

  6. 6

    А сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов. Ни кажа дека секогаш нѐ паметите по добро и копнеете да нѐ видите, како што и ние копнееме да ве видиме.

  7. 7

    Затоа, браќа, и покрај сите наши маки и неволји, се утешивме поради вас, преку вашата вера;

  8. 8

    зашто сега навистина живееме, кога вие стоите цврсто во Господ.

  9. 9

    Зашто како можеме доволно да Му благодариме на Бог за вас, за сета радост што ја чувствуваме поради вас пред нашиот Бог?

  10. 10

    Ноќе и дење најусрдно се молиме да ве видиме лично и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера.

  11. 11

    А Самиот Бог, нашиот Татко, и Исус Христос, нашиот Господ, да го насочи нашиот пат кон вас!

  12. 12

    А Господ да направи вашата љубов едни кон други и кон сите луѓе да расте и да изобилува, како што и ние ве љубиме,

  13. 13

    за да ги утврди вашите срца, така што да бидат беспрекорни во светоста пред нашиот Бог и Татко при доаѓањето на нашиот Господ Исус со сите Свои свети.