Прескокни кон главната содржина

1 Тимотеј

Глава 2

  1. 1

    Затоа, пред сѐ, поттикнувам да се упатуваат молби, молитви, застапувања и благодарности за сите луѓе,

  2. 2

    за царевите и за сите што се на власт, за да живееме тивок и мирен живот во сета побожност и достоинство.

  3. 3

    Тоа е добро и угодно пред Бог, нашиот Спасител,

  4. 4

    Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.

  5. 5

    Зашто еден е Бог и еден е Посредникот меѓу Бог и луѓето – Човекот Христос Исус,

  6. 6

    Кој се даде Себеси како откуп за сите – сведоштво дадено во определеното време.

  7. 7

    За тоа сум поставен за проповедник и апостол – ја кажувам вистината, не лажам – и учител на незнабожците во верата и вистината.

  8. 8

    И така, сакам мажите да се молат на секое место, кревајќи свети раце без гнев и расправии.

  9. 9

    Исто така, жените нека се украсуваат со пристојна облека, скромно и разумно, не со плетенки, злато, бисери или скапа облека,

  10. 10

    туку со добри дела, како што им прилега на жени што исповедаат побожност.

  11. 11

    Жената да се учи во тишина и целосно покорство.

  12. 12

    Не ѝ дозволувам на жената да поучува ниту да има власт над мажот, туку да биде тивка.

  13. 13

    Зашто прво беше создаден Адам, а потоа Ева;

  14. 14

    и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап.

  15. 15

    Но жената ќе биде спасена преку раѓањето деца, ако жените останат во верата, љубовта и светоста, со разумност.