1 Тимотеј
Глава 3
- 1
Веродостоен е зборот: ако некој се стреми кон служба на надгледувач, посакува благородно дело.
- 2
Затоа надгледувачот треба да биде беспрекорен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив и способен да поучува;
- 3
да не биде пијаница или насилен, туку благ, мирољубив и да не ги сака парите;
- 4
добро да управува со својот дом и да ги држи своите деца во послушност, со целосно достоинство;
- 5
зашто, ако некој не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква?
- 6
Да не биде новообратен, за да не се возгордее и да падне под истата осуда како ѓаволот.
- 7
Треба да има и добро сведоштво од луѓето надвор од црквата, за да не падне во срам и во стапицата на ѓаволот.
- 8
И ѓаконите треба да бидат чесни, да не зборуваат дволично, да не се предаваат на многу вино и да не бидат алчни за нечесна печалба,
- 9
да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
- 10
И тие најнапред нека бидат испитани, па ако се беспрекорни, нека служат како ѓакони.
- 11
Исто така, жените нека бидат чесни, да не клеветат, туку да бидат трезвени и верни во сѐ.
- 12
Секој од ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со своите деца и својот дом.
- 13
Зашто оние што добро служеле стекнуваат добра положба и голема смелост во верата што е во Христос Исус.
- 14
Ова ти го пишувам со надеж дека наскоро ќе дојдам кај тебе.
- 15
Но ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува човек во Божјиот дом, кој е црквата на живиот Бог, столб и потпора на вистината.
- 16
И, без сомнение, голема е тајната на побожноста: Тој се јави во тело, беше оправдан во Духот, им се јави на ангелите, беше проповедан меѓу народите, во светот поверуваа во Него и беше вознесен во слава.