2 Летописи
Глава 27
- 1
Јотам имаше дваесет и пет години кога стана цар и царуваше шеснаесет години во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Јеруса и беше ќерка на Садок.
- 2
Го правеше она што беше право во Господовите очи, како што правеше неговиот татко Озија, но не влегуваше во Господовиот храм. Сепак, народот и понатаму се расипуваше.
- 3
Ја изгради Горната порта на Господовиот дом и изгради многу на ѕидот на Офел.
- 4
Изгради градови во Јудината планинска област, а во шумите изгради тврдини и кули.
- 5
Војуваше против царот на Амонците и ги победи. Таа година Амонците му дадоа сто таланти сребро, десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Истото му го плаќаа и во втората и во третата година.
- 6
Јотам стануваше сѐ посилен, зашто ги утврдуваше своите патишта пред Господ, својот Бог.
- 7
Останатите дела на Јотам, сите негови војни и постапки, се запишани во Книгата на Израелевите и јудејските цареви.
- 8
Имаше дваесет и пет години кога стана цар и царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
- 9
Јотам почина и го погребаа во Давидовиот град. Наместо него се зацари неговиот син Ахаз.