Прескокни кон главната содржина

1 Мојсеева — Битие

Глава 36

  1. 1

    Ова е потомството на Исав, односно Едом.

  2. 2

    Исав си зеде жени од хананските ќерки: Ада, ќерката на Хетеецот Елон, и Оливема, ќерката на Ана и внука на Евеецот Севегон,

  3. 3

    и Васемата, ќерката на Исмаил и сестра на Наваиот.

  4. 4

    Ада му го роди на Исав Елифаз, а Васемата го роди Рагуил.

  5. 5

    Оливема ги роди Еус, Јеглом и Кореј. Тоа се синовите на Исав што му се родија во Хананската земја.

  6. 6

    Потоа Исав ги зеде своите жени, синовите, ќерките, сите луѓе од својот дом, својот добиток, сите животни и сиот имот што го беше стекнал во Хананската земја, и отиде во друга земја, далеку од својот брат Јаков.

  7. 7

    Зашто нивниот имот беше толку голем што не можеа да живеат заедно; земјата во која живееја како туѓинци не можеше да ги издржува поради нивниот добиток.

  8. 8

    Така Исав се насели во гората Сеир. Исав е Едом.

  9. 9

    Ова е потомството на Исав, таткото на Едомците, во гората Сеир.

  10. 10

    Ова се имињата на синовите на Исав: Елифаз, син на Ада, жената на Исав, и Рагуил, син на Васемата, жената на Исав.

  11. 11

    Синовите на Елифаз беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез.

  12. 12

    А Тамна му беше наложница на Елифаз, синот на Исав, и му го роди Амалик. Тоа се синовите на Ада, жената на Исав.

  13. 13

    Ова се синовите на Рагуил: Нахат, Зара, Сама и Миза. Тоа се синовите на Васемата, жената на Исав.

  14. 14

    Ова се синовите на Оливема, жената на Исав, ќерката на Ана и внуката на Севегон: таа му ги роди на Исав Еус, Јеглом и Кореј.

  15. 15

    Ова се племенските владетели меѓу синовите на Исав. Од синовите на Елифаз, првенецот на Исав, беа: владетелот Теман, владетелот Омар, владетелот Сефо и владетелот Кенез,

  16. 16

    владетелот Кореј, владетелот Готом и владетелот Амалик. Тоа се владетелите што потекнаа од Елифаз во Едомската земја; тие се синовите на Ада.

  17. 17

    Ова се синовите на Рагуил, синот на Исав: владетелот Нахат, владетелот Зара, владетелот Сама и владетелот Миза. Тоа се владетелите што потекнаа од Рагуил во Едомската земја; тие се синовите на Васемата, жената на Исав.

  18. 18

    Ова се синовите на Оливема, жената на Исав: владетелот Еус, владетелот Јеглом и владетелот Кореј. Тоа се владетелите што потекнаа од Оливема, ќерката на Ана, жената на Исав.

  19. 19

    Тоа се синовите на Исав, односно Едом, и тоа се нивните владетели.

  20. 20

    Ова се синовите на Хореецот Сеир, кои живееја во таа земја: Лотан, Совал, Севегон, Ана,

  21. 21

    Дисон, Асар и Дисан. Тоа се владетелите на Хорејците, синовите на Сеир, во Едомската земја.

  22. 22

    Синовите на Лотан беа Хори и Емам, а сестрата на Лотан беше Тамна.

  23. 23

    Ова се синовите на Совал: Алван, Манахат, Евал, Сефо и Онам.

  24. 24

    Ова се синовите на Севегон: Аја и Ана. Тоа е оној Ана што ги најде топлите извори во пустината додека ги пасеше магарињата на својот татко Севегон.

  25. 25

    Ова се децата на Ана: Дисон и Оливема, ќерката на Ана.

  26. 26

    Ова се синовите на Дисон: Амадан, Асван, Итран и Харан.

  27. 27

    Ова се синовите на Асар: Валаан, Заван и Акан.

  28. 28

    Ова се синовите на Дисан: Уз и Аран.

  29. 29

    Ова се владетелите на Хорејците: владетелот Лотан, владетелот Совал, владетелот Севегон и владетелот Ана,

  30. 30

    владетелот Дисон, владетелот Асар и владетелот Дисан. Тоа се владетелите на Хорејците според нивните кнежевства во земјата Сеир.

  31. 31

    Ова се царевите што царуваа во Едомската земја пред да царува цар над Израелевите синови.

  32. 32

    Во Едом царуваше Вела, синот на Веор, а името на неговиот град беше Денава.

  33. 33

    Кога умре Вела, наместо него се зацари Јовав, синот на Зара, од Восора.

  34. 34

    Кога умре Јовав, наместо него се зацари Хусам од земјата на Теманците.

  35. 35

    Кога умре Хусам, наместо него се зацари Адад, синот на Вадад, кој ги порази Мадијамците во Моавското поле; името на неговиот град беше Авит.

  36. 36

    Кога умре Адад, наместо него се зацари Самла од Марсека.

  37. 37

    Кога умре Самла, наместо него се зацари Саул од Реховот, покрај Еуфрат.

  38. 38

    Кога умре Саул, наместо него се зацари Вааланан, синот на Аховор.

  39. 39

    Кога умре Вааланан, синот на Аховор, наместо него се зацари Адар. Името на неговиот град беше Пау, а името на неговата жена беше Метавеил, ќерката на Метреда, внуката на Мезаав.

  40. 40

    Ова се имињата на владетелите што потекнаа од Исав, според нивните семејства, места и имиња: владетелот Тамна, владетелот Алва, владетелот Јетет,

  41. 41

    владетелот Оливема, владетелот Ила, владетелот Финон,

  42. 42

    владетелот Кенез, владетелот Теман, владетелот Мивсар,

  43. 43

    владетелот Магдиил и владетелот Ирам. Тоа се едомските владетели според нивните населби во земјата што ја поседуваа. Тоа е Исав, таткото на Едомците.