1 Мојсеева — Битие
Глава 43
Гладот беше многу тежок во земјата. (1 Мојсеева — Битие 43:1)
Кога го изедоа житото што го донесоа од Египет, нивниот татко им рече: „Одете пак и купете ни малку храна.“ (1 Мојсеева — Битие 43:2)
Но Јуда му рече: „Човекот строго нѐ предупреди: ‚Нема да го видите моето лице ако вашиот брат не е со вас.‘ (1 Мојсеева — Битие 43:3)
Ако го испратиш нашиот брат со нас, ќе слеземе и ќе ти купиме храна. (1 Мојсеева — Битие 43:4)
Но ако не го испратиш, нема да слеземе, зашто човекот ни рече: ‚Нема да го видите моето лице ако вашиот брат не е со вас.‘“ (1 Мојсеева — Битие 43:5)
Израел рече: „Зошто ми направивте такво зло и му кажавте на човекот дека имате уште еден брат?“ (1 Мојсеева — Битие 43:6)
Тие одговорија: „Човекот подробно нѐ распрашуваше за нас и за нашето семејство: ‚Жив ли е уште вашиот татко? Имате ли друг брат?‘ Ние му одговоривме според неговите прашања. Од каде можевме да знаеме дека ќе рече: ‚Доведете го својот брат‘?“ (1 Мојсеева — Битие 43:7)
Тогаш Јуда му рече на својот татко Израел: „Испрати го момчето со мене. Да станеме и да одиме, за да останеме живи и да не умреме ниту ние, ниту ти, ниту нашите деца. (1 Мојсеева — Битие 43:8)
Јас ќе одговарам за него; од мојата рака барај го. Ако не ти го доведам и не го поставам пред тебе, ќе бидам виновен пред тебе засекогаш. (1 Мојсеева — Битие 43:9)
Да не се задржувавме, досега двапати ќе се вратевме.“ (1 Мојсеева — Битие 43:10)
Тогаш нивниот татко Израел им рече: „Ако мора да биде така, направете го ова: земете во своите садови од најдобрите плодови на земјата и однесете му ги на човекот како подарок: малку балсам, малку мед, мириси, смирна, ф’стаци и бадеми. (1 Мојсеева — Битие 43:11)
Земете и двојно повеќе пари. Вратете ги и парите што беа ставени во вашите вреќи; можеби било грешка. (1 Мојсеева — Битие 43:12)
Земете го и својот брат, станете и вратете се кај човекот. (1 Мојсеева — Битие 43:13)
Семоќниот Бог нека ви даде милост пред тој човек, за да ви го пушти другиот брат и Венијамин. А јас, ако треба да останам без деца, нека биде така.“ (1 Мојсеева — Битие 43:14)
Тогаш луѓето го зедоа подарокот, зедоа двојно повеќе пари и го поведоа Венијамин. Станаа, слегоа во Египет и застанаа пред Јосиф. (1 Мојсеева — Битие 43:15)
Кога Јосиф го виде Венијамин со нив, му рече на управителот на својот дом: „Одведи ги овие луѓе во мојот дом, заколи животно и подготви го, зашто напладне ќе јадат со мене.“ (1 Мојсеева — Битие 43:16)
Човекот направи како што заповеда Јосиф и ги одведе луѓето во домот на Јосиф. (1 Мојсеева — Битие 43:17)
Тие се уплашија затоа што ги одведоа во домот на Јосиф и рекоа: „Нѐ водат поради парите што ни беа вратени во вреќите првиот пат, за да најдат повод против нас, да нѐ нападнат и да нѐ земат како робови, нас и нашите магариња.“ (1 Мојсеева — Битие 43:18)
Затоа му пристапија на управителот на домот на Јосиф и му зборуваа при вратата на куќата: (1 Мојсеева — Битие 43:19)
„Те молиме, господару, првиот пат слеговме да купиме храна. (1 Мојсеева — Битие 43:20)
Кога стигнавме до местото за преноќување и ги отворивме вреќите, ете, парите на секого беа на врвот од неговата вреќа, во целосната тежина. Затоа сега ги донесовме назад. (1 Мојсеева — Битие 43:21)
Донесовме и други пари за да купиме храна. Не знаеме кој ги ставил нашите пари во вреќите.“ (1 Мојсеева — Битие 43:22)
Тој им рече: „Бидете спокојни, не плашете се. Вашиот Бог и Бог на вашиот татко ви дал богатство во вреќите. Јас ги примив вашите пари.“ Потоа им го изведе Симеон. (1 Мојсеева — Битие 43:23)
Управителот ги воведе луѓето во домот на Јосиф, им даде вода да си ги измијат нозете и им даде храна на нивните магариња. (1 Мојсеева — Битие 43:24)
Тие го подготвија подарокот пред да дојде Јосиф напладне, зашто слушнаа дека таму ќе јадат. (1 Мојсеева — Битие 43:25)
Кога Јосиф дојде дома, му го внесоа подарокот што го носеа и му се поклонија до земја. (1 Мојсеева — Битие 43:26)
Тој ги праша како се, па рече: „Добро ли е вашиот стар татко за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?“ (1 Мојсеева — Битие 43:27)
Тие одговорија: „Твојот слуга, нашиот татко, е добро и сѐ уште е жив.“ Потоа се наведнаа и му се поклонија. (1 Мојсеева — Битие 43:28)
Кога ги крена очите, го виде својот брат Венијамин, синот на својата мајка, и праша: „Овој ли е вашиот најмлад брат, за кого ми зборувавте?“ Потоа рече: „Бог нека ти биде милостив, сине мој.“ (1 Мојсеева — Битие 43:29)
Јосиф брзо се оддалечи, зашто срцето му се разнежни кон неговиот брат и сакаше да заплаче. Влезе во својата соба и плачеше таму. (1 Мојсеева — Битие 43:30)
Потоа го изми лицето, излезе и се воздржа, па рече: „Послужете ја храната.“ (1 Мојсеева — Битие 43:31)
Му послужија нему одделно, ним одделно и на Египќаните што јадеа со него одделно, зашто Египќаните не смееја да јадат со Евреите; тоа им беше одвратно на Египќаните. (1 Мојсеева — Битие 43:32)
Браќата седнаа пред него по ред: првенецот според своето првенство, а најмладиот според својата возраст. Тие зачудено се гледаа еден со друг. (1 Мојсеева — Битие 43:33)
Јосиф им испраќаше порции од својата трпеза, а порцијата на Венијамин беше петпати поголема од порцијата на секој од нив. Така пиеја и весело се гостеа со него. (1 Мојсеева — Битие 43:34)