Осија
Глава 1
- 1
Господовиот збор што дојде до Осија, синот на Беери, во деновите на Јудините цареви Озија, Јотам, Ахаз и Езекија, и во деновите на Израелевиот цар Јеровоам, синот на Јоас.
- 2
Кога Господ почна да зборува преку Осија, Господ му рече: „Оди, земи си жена блудница и деца на блудство, зашто земјата тешко блудствува, оддалечувајќи се од Господ.“
- 3
И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим; таа зачна и му роди син.
- 4
Тогаш Господ му рече: „Наречи го Јизреел, зашто уште малку и ќе го казнам домот на Јеху за крвопролевањето во Јизреел и ќе му ставам крај на царството на Израелевиот дом.
- 5
Во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Јизреел.“
- 6
Таа повторно зачна и роди ќерка, и Тој му рече: „Наречи ја Ло-Рухама, зашто Јас веќе нема да му се смилувам на Израелевиот дом ниту да им простам.
- 7
Но на Јудиниот дом ќе му се смилувам и ќе ги спасам преку Господ, нивниот Бог; нема да ги спасам со лак, ниту со меч, ниту со војна, ниту со коњи и коњаници.“
- 8
Откако ја одби Ло-Рухама од доење, таа повторно зачна и роди син.
- 9
И Тој рече: „Наречи го Ло-Ами, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидам ваш.“
- 10
Но бројот на Израелевите синови ќе биде како морскиот песок, кој не може да се измери ниту да се изброи; и на местото каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе им се рече: „Вие сте синови на живиот Бог.“
- 11
Јудините синови и Израелевите синови ќе се соберат заедно, ќе си постават еден водач и ќе излезат од земјата, зашто голем ќе биде денот на Јизреел.