Прескокни кон главната содржина

Осија

Глава 14

  1. 1

    Врати се, Израеле, кај Господ, својот Бог, зашто се сопна поради своето беззаконие.

  2. 2

    Земете со себе зборови и вратете се кај Господ; речете Му: „Прости ни го сето беззаконие и прими нѐ милостиво, а ние ќе Ти принесеме жртва од нашите усни наместо бикови.“

  3. 3

    Асирија нема да нѐ спаси; нема да јаваме на коњи и нема веќе да му велиме: „Наш бог“ на делото на своите раце, зашто кај Тебе сиракот наоѓа милост.

  4. 4

    Ќе го исцелам нивното отпадништво, доброволно ќе ги љубам, зашто Мојот гнев се одврати од нив.

  5. 5

    Ќе бидам како роса за Израел; ќе цвета како крин и цврсто ќе се вкорени како Ливан.

  6. 6

    Ќе се рашират неговите гранки; неговата убавина ќе биде како маслинка, а неговиот мирис како Ливан.

  7. 7

    Оние што живеат под неговата сенка повторно ќе оживеат; ќе растат како жито и ќе цветаат како лоза, а неговиот спомен ќе биде како ливанското вино.

  8. 8

    Ефрем ќе рече: „Што имам јас уште со идолите?“ А Јас ќе му одговорам и ќе се погрижам за него. Јас сум како зелен чемпрес; од Мене доаѓа твојот плод.

  9. 9

    Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен, нека го познае. Зашто Господовите патишта се прави; праведните ќе одат по нив, а престапниците ќе се сопнат на нив.