Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 15

  1. 1

    Пророштво за Моав: „За една ноќ Ар-Моав е опустошен и уништен; за една ноќ Кир-Моав е опустошен и уништен.

  2. 2

    Моав се искачува во храмот и во Дивон, на височините, за да плаче. Моав лелека над Нево и над Медева; секоја глава е избричена и секоја брада отсечена.

  3. 3

    По улиците носат вреќиште; на покривите и плоштадите сите лелекаат и се топат во плачење.

  4. 4

    Хешбон и Елеале викаат; нивниот глас се слуша дури до Јахац. Затоа вооружените луѓе на Моав викаат од страв; неговата душа трепери.

  5. 5

    Моето срце вика поради Моав! Неговите бегалци стигнуваат до Цоар, до Еглат-Шелишија. По патот кон Лухит се искачуваат плачејќи, а по патот кон Хоронаим креваат крик поради пропаста.

  6. 6

    Зашто водите на Нимрим ќе пресушат; тревата овена, зеленилото исчезна и ништо зелено не остана.

  7. 7

    Затоа она што го стекнале и она што го зачувале ќе го пренесат преку Потокот на врбите.

  8. 8

    Зашто плачот се разнесува по целата граница на Моав; неговото лелекање стигнува до Еглаим, а неговиот плач до Беер-Елим.

  9. 9

    Водите на Димон се полни со крв, но Јас ќе донесам уште повеќе врз Димон: лав врз бегалците од Моав и врз остатокот во земјата.