Прескокни кон главната содржина

Исаија

Глава 18

  1. Тешко на земјата каде што се слуша брмчење на крилја, од другата страна на реките на Куш,

  2. која испраќа гласници по морето, во папирусни чамци по водите! Одете, брзи гласници, кај висок и мазнокож народ, кај народ од кого отсекогаш се плашеле, силен и освојувачки народ, чија земја ја пресекуваат реки.

  3. Сите жители на светот и сите што живеете на земјата – кога ќе се крене знаме на планините, гледајте; кога ќе се огласи трубата, слушајте!

  4. Зашто вака ми рече Господ: „Ќе останам мирен и ќе набљудувам од Своето живеалиште, како блескава жега под сончевата светлина, како облак од роса во жетвената жега.“

  5. Зашто пред жетвата, кога цветањето ќе заврши и цветот ќе стане грозје што зрее, Тој со ножици ќе ги отсече младите гранки и ќе ги отстрани и пресече лозовите прачки.

  6. Сите ќе бидат оставени на планинските птици грабливки и на земните ѕверови. Птиците ќе летуваат над нив, а сите земни ѕверови ќе презимуваат таму.

  7. Во тоа време дар ќе Му биде донесен на Господ над војските од висок и мазнокож народ, од народ од кого отсекогаш се плашеле, силен и освојувачки народ, чија земја ја пресекуваат реки – на местото каде што живее името на Господ над војските, на гората Сион.