Прескокни кон главната содржина

Јов

Глава 18

  1. 1

    Тогаш Билдад Шуахецот одговори и рече:

  2. 2

    „До кога ќе поставувате стапици со зборовите? Најнапред разберете, па потоа ќе зборуваме.

  3. 3

    Зошто нѐ сметате за животни? Зошто во вашите очи изгледаме неразумни?

  4. 4

    Ти што самиот се раскинуваш во својот гнев, зар поради тебе земјата треба да остане пуста и карпата да се помести од своето место?

  5. 5

    Навистина, светлината на безбожниот ќе згасне и пламенот на неговиот оган нема да свети.

  6. 6

    Светлината во неговиот шатор ќе стане темнина и светилката над него ќе згасне.

  7. 7

    Неговите силни чекори ќе се скратат, а сопствениот совет ќе го собори.

  8. 8

    Неговите нозе сами ќе го одведат во мрежа и ќе зачекори по стапица.

  9. 9

    Стапицата ќе го фати за петицата и замката цврсто ќе го задржи.

  10. 10

    Јаже е скриено за него во земјата и стапица е поставена на неговиот пат.

  11. 11

    Ужаси ќе го плашат од сите страни и ќе го гонат во чекор.

  12. 12

    Неговата сила ќе ослабне од глад, а несреќата ќе биде подготвена за неговото паѓање.

  13. 13

    Болеста ќе ги јаде деловите на неговото тело; првородената на смртта ќе ги проголта неговите членови.

  14. 14

    Ќе биде истргнат од својот шатор, каде што се чувствуваше сигурен, и ќе биде одведен кај царот на ужасите.

  15. 15

    Во неговиот шатор ќе живее нешто што не е негово, а врз неговиот дом ќе биде расфрлан сулфур.

  16. 16

    Одоздола неговите корени ќе се исушат, а одозгора неговите гранки ќе овенат.

  17. 17

    Споменот за него ќе исчезне од земјата и неговото име повеќе нема да се спомнува.

  18. 18

    Ќе го истераат од светлина во темнина и ќе го протераат од светот.

  19. 19

    Нема да има ни син ни внук меѓу својот народ, ниту некој преживеан во неговото живеалиште.

  20. 20

    Оние што ќе дојдат по него ќе се вџашат од неговата судбина, а оние пред него ќе ги обземе ужас.

  21. 21

    Навистина, такви се живеалиштата на неправедниот и такво е местото на човекот што не Го познава Бог.“