Прескокни кон главната содржина

Јона

Глава 1

  1. 1

    Господовиот збор му дојде на Јона, синот на Амитај:

  2. 2

    „Стани и оди во Ниневија, град голем, и проповедај во него, зашто неговите лоши дела стигнаа до Мене.“

  3. 3

    А Јона стана за да избега во Тарсис од Господовото присуство; слезе во Јопа, каде што најде брод што плови за Тарсис, па откако го плати превозот, влезе во него за да отплови за Тарсис и да избега од Господовото присуство.

  4. 4

    Но Господ подигна силен ветар на морето, и настана голема бура, така што бродот за малку ќе се разбиеше.

  5. 5

    Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од бродот да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на бродот, легнал и длабоко заспал.

  6. 6

    Тогаш дојде кај него капетанот на бродот и му рече: „Како можеш да спиеш! Стани и повикај кон твојот Бог. Можеби Бог ќе се погрижи за нас, и ние нема да загинеме.“

  7. 7

    Па си рекоа еден на друг: „Да фрлиме жреб и да видиме поради кого нѐ снајде оваа беда.“ Фрлија жреб и жребот падна на Јона.

  8. 8

    Тогаш му рекоа: „Кажи ни заради што нѐ снајде оваа неволја? Со што се занимаваш, и од каде доаѓаш? Каде е твојата земја и од кој народ си?“

  9. 9

    Тој им рече: „Јас сум Евреин, се плашам од Господ, Бог на небесата, Кој ги создаде морето и копното.“

  10. 10

    Тогаш луѓето се уплашија многу и му рекоа: „Зошто го направи ова?“ Зашто тие дознаа дека тој бега од Господовото присуство, како што тој сам им беше кажел.

  11. 11

    И му рекоа: „Што да направиме со тебе, та морето да стивне за нас?“ Бидејќи морето се брануваше.

  12. 12

    Тогаш тој им рече: „Земете ме и фрлете ме во морето, и морето за вас ќе стивне, зашто знам дека поради мене се крена оваа бура.“

  13. 13

    Луѓето потоа се трудеа некако да се приближат до суво, но не можеа, бидејќи морето сѐ повеќе беснееше против нив.

  14. 14

    Тогаш повикаа кон Господ и рекоа: „Те молиме, Господи, да не загинеме поради животот на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што Ти е угодно.“

  15. 15

    Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бранува.

  16. 16

    Тогаш луѓето се уплашија многу од Господ, Му принесоа жртви на Господ и се заветуваа.

  17. 17

    И ѝ заповеда Господ на една голема риба да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на таа риба три дена и три ноќи.