Јона
Глава 2
- 1
Јона Му се помоли на Господ, својот Бог од утробата на рибата,
- 2
па рече: „Во мојата неволја повикав кон Господ и Тој ми одговори; извикав од утробата на подземјето - и Ти го чу мојот глас.
- 3
Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и водата ме опколуваше, и сите Твои струи и Твоите бранови минеа преку мене.
- 4
Тогаш реков: Отфрлен сум од Твоите очи, но сепак, ќе го видам Твојот свет храм.
- 5
Ме притиснаа водите до мојата душа, бездната ме затвори; морска трева ми се обвитка околу главата.
- 6
Слегнав до основите на планините, земјата со своите резиња за навек ме затвори, но Ти, Господи, мојот Боже, ќе ја изведеш мојата душа од подземјето.
- 7
Кога изнемогна мојата душа, се сетив на Господ, и мојата молитва стигна до Тебе, до Твојот свет храм.
- 8
Оние, кои почитуваат лажни богови, се откажуваат од милоста што им припаѓа,
- 9
но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Спасението е од Господ!“
- 10
Тогаш му заповеда Господ на рибата, и таа го исфрли Јона на суво.