Исус Навин
Глава 12
- 1
Ова се царевите на земјата источно од Јордан, кои Израелевите синови ги поразија и чија земја ја освоија, од потокот Арнон до гората Ермон и целата источна рамнина:
- 2
аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон и владееше од Ароир, што е на брегот на потокот Арнон, од средината на долината, над половината од Галаад до потокот Јавок, границата на Амонците;
- 3
и над источната рамнина до езерото Хинерот, до морето на рамнината, односно Соленото Море, источно кон Вет-Јесимот, а на југ под падините на Фасга;
- 4
и пределите на васанскиот цар Ог, еден од преостанатите џинови, кој живееше во Астарот и Едраи.
- 5
Тој владееше над гората Ермон, над Салха и над целиот Васан, до границата на Гесурците и Маахатците, и над половината од Галаад до границата на есевонскиот цар Сион.
- 6
Нив ги поразија Господовиот слуга Мојсеј и Израелевите синови; а Господовиот слуга Мојсеј им ја даде нивната земја во сопственост на Рувимците, Гадците и на половината од Манасиевото племе.
- 7
Ова се царевите на земјата западно од Јордан, кои Исус Навин и Израелевите синови ги поразија, од Ваал-Гад во Ливанската долина до гората Халак, која се издига кон Сеир. Исус Навин им ја даде нивната земја во сопственост на Израелевите племиња, според нивната распределба:
- 8
во планинската земја, во рамнините, во долината, во подножјето, во пустината и во јужниот крај - земјите на Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.
- 9
Ерихонскиот цар - еден; царот на Гај, близу Ветил - еден;
- 10
ерусалимскиот цар - еден; хевронскиот цар - еден;
- 11
јармутскиот цар - еден; лахискиот цар - еден;
- 12
еглонскиот цар - еден; гезерскиот цар - еден;
- 13
девирскиот цар - еден; гедерскиот цар - еден;
- 14
хорманскиот цар - еден; арадскиот цар - еден;
- 15
ливнанскиот цар - еден; одоламскиот цар - еден;
- 16
макиданскиот цар - еден; ветилскиот цар - еден;
- 17
тапфуанскиот цар - еден; еферскиот цар - еден;
- 18
афекскиот цар - еден; ласаронскиот цар - еден;
- 19
мадонскиот цар - еден; асорскиот цар - еден;
- 20
симрон-меронскиот цар - еден; ахсафскиот цар - еден;
- 21
таанахскиот цар - еден; мегидонскиот цар - еден;
- 22
кедескиот цар - еден; царот на Јокнеам во Кармил - еден;
- 23
царот на Дор во Нафот-Дор - еден; царот на Гоим во Галгал - еден;
- 24
тирсанскиот цар - еден. Вкупно триесет и еден цар.