Исус Навин
Глава 13
- 1
Исус Навин беше стар и во поодминати години. Господ му рече: „Ти си стар и во поодминати години, а останува уште многу земја да се освои.
- 2
Ова е земјата што останува: сите области на Филистејците и целата гесурска земја,
- 3
од Сиор, кој е пред Египет, до границата на Екрон на север, што се смета за ханаанска земја - петте области на Филистејците: на Газјаните, Азотците, Аскалонците, Гатците и Екронците; и земјата на Авејците;
- 4
на југ, целата земја на Ханаанците и Меара, која им припаѓа на Сидонците, до Афек и до границата на Аморејците;
- 5
земјата на Гевалците и целиот Ливан кон исток, од Ваал-Гад под гората Ермон до влезот во Емат;
- 6
сите жители на планинската земја од Ливан до Мисрефот-Маим, односно сите Сидонци. Јас ќе ги истерам пред Израелевите синови. А ти раздели ја оваа земја како наследство на Израел, како што ти заповедав.
- 7
Затоа сега раздели ја оваа земја како наследство на деветте племиња и на половината од Манасиевото племе.“
- 8
Заедно со другата половина од Манасиевото племе, Рувимците и Гадците го примија своето наследство што им го даде Мојсеј источно од Јордан, како што им го даде Господовиот слуга Мојсеј:
- 9
од Ароир, што е на брегот на потокот Арнон, и градот што е среде долината, и целата медеванска рамнина до Девон;
- 10
сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, до границата на Амонците;
- 11
Галаад, пределите на Гесурците и Маахатците, целата гора Ермон и целиот Васан до Салха;
- 12
целото царство на Ог во Васан, кој царуваше во Астарот и Едраи и беше еден од преостанатите џинови. Мојсеј ги порази и ги истера.
- 13
Но Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Маахатците; затоа Гесурците и Маахатците живеат меѓу Израел до денес.
- 14
Само на Левиевото племе Мојсеј не му даде наследство; жртвите принесени со оган на Господ, Бог Израелев, се нивното наследство, како што им беше кажал.
- 15
Мојсеј му даде наследство на Рувимовото племе според нивните семејства.
- 16
Нивната област беше од Ароир, што е на брегот на потокот Арнон, и градот што е среде долината, и целата рамнина до Медева;
- 17
Есевон и сите негови градови во рамнината: Девон, Вамот-Ваал, Вет-Ваал-Меон,
- 18
Јаса, Кедимот, Мефаат,
- 19
Киријатаим, Сивма, Зарет-Саар на ридот над долината,
- 20
Вет-Фегор, падините на Фасга, Вет-Јесимот,
- 21
сите градови на рамнината и целото царство на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон. Мојсеј го порази него и мадијамските владетели Евиј, Рекем, Сур, Ур и Рева - Сионови вазали што живееја во таа земја.
- 22
Меѓу убиените Израелевите синови го погубија со меч и гатачот Валаам, синот на Веор.
- 23
Границата на Рувимците беше Јордан со неговиот брег. Тоа беше наследството на Рувимците според нивните семејства, со градовите и нивните села.
- 24
Мојсеј му даде наследство и на Гадовото племе, на Гадците според нивните семејства.
- 25
Нивната област ги опфаќаше Јазир, сите галаадски градови и половината од земјата на Амонците до Ароир, спроти Рава;
- 26
од Есевон до Рамат-Миспа и Ветоним, и од Маханаим до границата на Девир;
- 27
а во долината: Вет-Арам, Вет-Нимра, Сокхот и Сафон - остатокот од царството на есевонскиот цар Сион - источно од Јордан, сѐ до крајот на езерото Хинерот.
- 28
Тоа беше наследството на Гадците според нивните семејства, со градовите и нивните села.
- 29
Мојсеј ѝ даде наследство и на половината од Манасиевото племе; тоа им припадна на потомците на половината од Манасиевото племе според нивните семејства.
- 30
Нивната област беше од Маханаим, целиот Васан, целото царство на васанскиот цар Ог и сите Јаирови населби во Васан - шеесет градови;
- 31
половината од Галаад, Астарот и Едраи, градовите на Оговото царство во Васан, им беа дадени на потомците на Махир, Манасиевиот син, односно на половината од Махировите потомци според нивните семејства.
- 32
Тоа се наследствата што Мојсеј ги раздели во моавските полиња, источно од Јордан, спроти Ерихон.
- 33
Но на Левиевото племе Мојсеј не му даде наследство; Господ, Бог Израелев, е нивното наследство, како што им беше кажал.