Прескокни кон главната содржина

Исус Навин

Глава 21

  1. 1

    Потоа старешините на левитските татковски домови дојдоа кај свештеникот Елеазар, кај Исус Навин и кај старешините на татковските домови на племињата на Израелевите синови.

  2. 2

    Во Шило, во ханаанската земја, им рекоа: „Господ заповеда преку Мојсеј да ни се дадат градови за живеење и нивните пасишта за нашиот добиток.“

  3. 3

    Така Израелевите синови, според Господовата заповед, им дадоа на левитите од своето наследство градови со нивните пасишта.

  4. 4

    Ждрепката најнапред падна на семејствата на Каатовците. На потомците на свештеникот Арон, кои беа од левитите, со ждрепка им припаднаа тринаесет градови од Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото племе.

  5. 5

    На останатите Каатови потомци со ждрепка им припаднаа десет градови од семејствата на Ефремовото племе, Дановото племе и половината од Манасиевото племе.

  6. 6

    На Гирсоновите потомци со ждрепка им припаднаа тринаесет градови од семејствата на Исахаровото, Асировото и Нефталимовото племе и од половината на Манасиевото племе во Васан.

  7. 7

    На Мерариевите потомци, според нивните семејства, им припаднаа дванаесет градови од Рувимовото, Гадовото и Завулоновото племе.

  8. 8

    Тие градови со нивните пасишта Израелевите синови им ги дадоа на левитите со ждрепка, како што Господ заповеда преку Мојсеј.

  9. 9

    Од племето на Јудините синови и од племето на Симеоновите синови ги дадоа следниве градови, наведени по име.

  10. 10

    Тие им припаднаа на Ароновите потомци, од семејствата на Каатовците, од Левиевите синови, зашто првата ждрепка беше за нив.

  11. 11

    Им го дадоа Киријат-Арва, градот на Арва, таткото на Енак, односно Хеврон, во Јудината планинска земја, заедно со пасиштата околу него.

  12. 12

    Но нивите на градот и неговите села му ги дадоа во сопственост на Халев, синот на Јефониј.

  13. 13

    На потомците на свештеникот Арон им го дадоа Хеврон со неговите пасишта, град за засолниште на ненамерен убиец, а исто така и Ливна со нејзините пасишта,

  14. 14

    Јатир со неговите пасишта, Естемоа со нејзините пасишта,

  15. 15

    Холон со неговите пасишта, Девир со неговите пасишта,

  16. 16

    Аин со неговите пасишта, Јута со нејзините пасишта и Вет-Семес со неговите пасишта – девет градови од тие две племиња.

  17. 17

    Од Венијаминовото племе им ги дадоа Гаваон со неговите пасишта и Гава со нејзините пасишта,

  18. 18

    Анатот со неговите пасишта и Алмон со неговите пасишта – четири градови.

  19. 19

    Вкупно, градовите на Ароновите потомци, свештениците, беа тринаесет градови со нивните пасишта.

  20. 20

    На семејствата на останатите Каатови потомци, левитите, со ждрепка им припаднаа градови од Ефремовото племе.

  21. 21

    Им го дадоа Шехем со неговите пасишта во Ефремовата планинска земја, град за засолниште на ненамерен убиец, како и Гезер со неговите пасишта,

  22. 22

    Кивсаим со неговите пасишта и Вет-Орон со неговите пасишта – четири градови.

  23. 23

    Од Дановото племе им ги дадоа Елтеке со неговите пасишта и Гиветон со неговите пасишта,

  24. 24

    Ајалон со неговите пасишта и Гат-Римон со неговите пасишта – четири градови.

  25. 25

    Од половината на Манасиевото племе им ги дадоа Танах со неговите пасишта и Гат-Римон со неговите пасишта – два града.

  26. 26

    Вкупно, за семејствата на останатите Каатови потомци имаше десет градови со нивните пасишта.

  27. 27

    На Гирсоновите потомци, од семејствата на левитите, од другата половина на Манасиевото племе им го дадоа Голан во Васан со неговите пасишта, град за засолниште на ненамерен убиец, и Веестера со нејзините пасишта – два града.

  28. 28

    Од Исахаровото племе им ги дадоа Кисион со неговите пасишта и Даврат со неговите пасишта,

  29. 29

    Јармут со неговите пасишта и Ен-Ганим со неговите пасишта – четири градови.

  30. 30

    Од Асировото племе им ги дадоа Мисаал со неговите пасишта и Авдон со неговите пасишта,

  31. 31

    Хелкат со неговите пасишта и Роов со неговите пасишта – четири градови.

  32. 32

    Од Нефталимовото племе им го дадоа Кедес во Галилеја со неговите пасишта, град за засолниште на ненамерен убиец, како и Амот-Дор со неговите пасишта и Картан со неговите пасишта – три града.

  33. 33

    Вкупно, градовите на Гирсоновците, според нивните семејства, беа тринаесет градови со нивните пасишта.

  34. 34

    На семејствата на Мерариевите потомци, останатите левити, од Завулоновото племе им ги дадоа Јокнеам со неговите пасишта и Карта со нејзините пасишта,

  35. 35

    Димна со нејзините пасишта и Наалол со неговите пасишта – четири градови.

  36. 36

    Од Рувимовото племе им ги дадоа Восор со неговите пасишта и Јаса со нејзините пасишта,

  37. 37

    Кедемот со неговите пасишта и Мефаат со неговите пасишта – четири градови.

  38. 38

    Од Гадовото племе им го дадоа Рамот во Галаад со неговите пасишта, град за засолниште на ненамерен убиец, и Маханаим со неговите пасишта,

  39. 39

    Есевон со неговите пасишта и Јазир со неговите пасишта – вкупно четири градови.

  40. 40

    Сите градови што со ждрепка им припаднаа на Мерариевите потомци, според нивните семејства, на останатите од левитските семејства, беа дванаесет градови.

  41. 41

    Сите левитски градови во наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум градови со нивните пасишта.

  42. 42

    Секој од тие градови имаше околни пасишта; така беше со сите тие градови.

  43. 43

    Така Господ му ја даде на Израел целата земја за која им се заколна на нивните татковци дека ќе им ја даде. Тие ја зазедоа и се населија во неа.

  44. 44

    Господ им даде мир од сите страни, според сѐ што им се заколна на нивните татковци. Никој од сите нивни непријатели не можеше да застане пред нив; Господ им ги предаде во раце сите нивни непријатели.

  45. 45

    Не остана неисполнето ниту едно од сите добри ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом; сите се исполнија.