Малахија
Глава 4
- 1
Зашто, ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат безбожно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што доаѓа, вели Господ над војските; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.
- 2
А за вас, кои се боите од Моето име, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во Неговите крилја; и ќе излезете и ќе се разиграте како теленца пуштени од трлото.
- 3
И ќе ги газите безбожниците, зашто тие ќе бидат како пепел под вашите стапала во денот што Јас ќе го приготвам, вели Господ над војските.
- 4
Помнете го законот на Мојсеј, Мојот слуга, кому му заповедав на Хорив за сиот Израел, како и правилата и наредбите.
- 5
Ете, Јас ќе го пратам кај вас пророкот Илија, пред да настапи Господовиот ден - големиот и страшниот.
- 6
И тој ќе ги обрне срцата на татковците кон нивните деца, и срцата на децата кон нивните татковци, за да не дојдам и да ја поразам земјата со проклетство.