Матеј
Глава 1
- 1
Книга за родословието на Исус Христос, син на Давид, син на Авраам.
- 2
Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков го роди Јуда и неговите браќа.
- 3
Јуда ги роди Фарес и Зара од Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам.
- 4
Арам го роди Аминадав, Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон.
- 5
Салмон го роди Вооз од Раав; Вооз го роди Овид од Рута, а Овид го роди Јесеј.
- 6
Јесеј го роди цар Давид, а Давид го роди Соломон од жената на Урија.
- 7
Соломон го роди Ровоам, Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Асаф.
- 8
Асаф го роди Јосафат, Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија.
- 9
Озија го роди Јотам, Јотам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија.
- 10
Езекија го роди Манасија, Манасија го роди Амос, а Амос го роди Јосија.
- 11
Јосија го роди Јехонија и неговите браќа, во времето на преселувањето во Вавилон.
- 12
По преселувањето во Вавилон, Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел.
- 13
Зоровавел го роди Авиуд, Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор.
- 14
Азор го роди Садок, Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд.
- 15
Елиуд го роди Елеазар, Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков.
- 16
Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
- 17
Така, сите поколенија од Авраам до Давид се четиринаесет; од Давид до преселувањето во Вавилон четиринаесет; и од преселувањето во Вавилон до Христос четиринаесет.
- 18
А раѓањето на Исус Христос беше вака: Неговата мајка Марија, која беше верена за Јосиф, пред да се соединат, се покажа дека е бремена од Светиот Дух.
- 19
Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја посрами, реши тајно да ја остави.
- 20
Додека размислуваше за тоа, му се јави Господов ангел во сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија за своја жена, зашто Детето што е зачнато во неа е од Светиот Дух.
- 21
Таа ќе роди Син и ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси Својот народ од нивните гревови.“
- 22
Сето тоа се случи за да се исполни она што Господ го рече преку пророкот:
- 23
„Ете, девицата ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануел“ – што значи: „Бог е со нас.“
- 24
Кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел: ја зеде Марија за своја жена.
- 25
Но не ја познаваше сѐ додека не роди Син; и Му го даде името Исус.