Матеј
Глава 22
- 1
Исус повторно им зборуваше во параболи:
- 2
„Небесното царство е слично на цар кој приреди свадба за својот син.
- 3
Ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат.
- 4
Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; моите јунци и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадба!‘
- 5
Но тие не обрнаа внимание и си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
- 6
а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.
- 7
А царот се разгневи, ја испрати својата војска, ги погуби оние убијци и им го изгоре градот.
- 8
Тогаш им рече на своите слуги: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
- 9
Затоа одете по раскрсниците и, сите што ќе ги најдете, поканете ги на свадба!‘
- 10
И кога излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се исполни свадбениот дом со гости.
- 11
Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден човек што не беше облечен во свадбена облека.
- 12
Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше.
- 13
Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, фрлете го во надворешната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби;
- 14
зашто, многумина се повикани, а малцина избрани‘.“
- 15
Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор.
- 16
И ги испратија кај Него своите ученици, заедно со Иродовците, велејќи: „Учителе, знаеме дека ја зборуваш вистината и вистински го поучуваш Божјиот пат; не се поведуваш по никого, зашто не гледаш кој е кој.“
- 17
затоа кажи ни, како Ти се чини: треба да се дава данок на царот или не?“
- 18
Но Исус го разбра нивното лукавство и рече: „Што Ме искушувате, лицемери?
- 19
„Покажете Ми ја монетата со која се плаќа данокот.“ Тие Му донесоа еден денариј.
- 20
И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“
- 21
Тие одговорија: „Царев.“ Тогаш им рече: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бог.“
- 22
И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
- 23
Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, зборувајќи:
- 24
„Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш неговиот брат нека ја земе неговата жена и нека го подигне потомството на својот брат!‘
- 25
При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше потомство, ја остави својата жена на својот брат;
- 26
исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
- 27
а по сите нив, умре и жената.
- 28
При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“
- 29
Исус им одговори: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту Божјата сила;
- 30
Зашто при воскресението ниту ќе се женат ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангелите на небото.
- 31
А за воскресението на мртвите не сте ли читале, што ви рекол Бог, Кој вели:
- 32
‚Јас сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“
- 33
И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговото учење.
- 34
А фарисеите, кога чуја дека ги посрами садукеите, се собраа заедно.
- 35
И еден од нив, искушувајќи Го, Го праша:
- 36
„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“
- 37
Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум.
- 38
Тоа е првата и најголема заповед;
- 39
а втората е слична на неа: Сакај го својот ближен како себеси!
- 40
На тие две заповеди се засноваат целиот Закон и Пророците.“
- 41
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
- 42
„Што мислите за Христос? Чиј Син е?“ Му одговорија: „Давидов.“
- 43
Им рече: „Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи:
- 44
‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе.‘
- 45
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Син?“
- 46
И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој не се осмели да Го праша.