Прескокни кон главната содржина

Наум

Глава 2

  1. 1

    Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собери ја сета своја сила.

  2. 2

    Зашто Господ ќе го воспостави величието на Јаков, како величието на Израелот, зашто пустошители ги опустошија и нивните лозови гранки ги уништија.

  3. 3

    Штитот на неговите воини е црвен: неговите војници носат црвени облеки; бојните коли ќе фрлаат оган во денот на борбата и копјата ќе се лулеат.

  4. 4

    Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факели, и ќе светкаат како молњи.

  5. 5

    Тој ќе ги повикува своите воини, но тие ќе бидат бавни во одот, ќе побрзаат кон ѕидовите на градот, но опсадата е веќе подготвена.

  6. 6

    Речните порти ќе се отворат и дворецот ќе се урне.

  7. 7

    Решено е: таа ќе биде оголена и во плен одведена, а нејзините слугинки ќе стенкаат како гулаби, удирајќи се в гради.

  8. 8

    Ниневија, откако беше основана, беше како езеро полно со вода, а тие бегаат. „Стојте, стојте!“ Но никој не се свртува да погледа.

  9. 9

    Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.

  10. 10

    Ограбена, опустошена и разурната е таа - срцето се топи, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се потемнети.

  11. 11

    Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен своите пештери и своите легла со грабеж?

  12. 12

    Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше?

  13. 13

    Ете, Јас сум против тебе, вели Господ на небесните војски, и ќе ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ќе ги исече твоите лавчиња, и ќе го истребам од земјата твојот грабеж; повеќе нема да се чуе гласот на твоите пратеници.