Прескокни кон главната содржина

4 Мојсеева — Броеви

Глава 33

  1. 1

    Ова се патувањата на Израелевите синови, кои излегоа од египетската земја според своите чети, под раката на Мојсеј и Арон.

  2. 2

    И Мојсеј ги запиша нивните поаѓања според нивните патувања, по Господова заповед; а ова се нивните патувања според нивните поаѓања:

  3. 3

    Тргнаа од Рамес во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец; наредниот ден по Пасхата Израелевите синови излегоа со крената рака пред очите на сите Египќани,

  4. 4

    додека Египќаните ги погребуваа сите свои првородени, кои Господ ги порази меѓу нив; и над нивните богови Господ изврши суд.

  5. 5

    И Израелевите синови тргнаа од Рамес и се улогорија во Сокот.

  6. 6

    Потоа тргнаа од Сокот и се улогорија во Етам, што е на крајот од пустината.

  7. 7

    И тргнаа од Етам и се вратија кон Пи–Аирот, што е спроти Ваал–Цефон, и се улогорија пред Мигдол.

  8. 8

    И тргнаа од пред Пи–Аирот и поминаа низ морето во пустината, и одеа три дена пат во пустината Етам и се улогорија во Мера.

  9. 9

    И тргнаа од Мера и дојдоа во Елим; а во Елим имаше дванаесет извори со вода и седумдесет палми, и таму се улогорија.

  10. 10

    И тргнаа од Елим и се улогорија покрај Црвеното Море.

  11. 11

    И тргнаа од Црвеното Море и се улогорија во пустината Син.

  12. 12

    И тргнаа од пустината Син и се улогорија во Дафка.

  13. 13

    И тргнаа од Дафка и се улогорија во Алус.

  14. 14

    И тргнаа од Алус и се улогорија во Рефидим, а таму немаше вода за народот да пие.

  15. 15

    И тргнаа од Рефидим и се улогорија во Синајската пустина.

  16. 16

    И тргнаа од Синајската пустина и се улогорија во Киброт–Хатаава.

  17. 17

    И тргнаа од Киброт–Хатаава и се улогорија во Асирот.

  18. 18

    И тргнаа од Асирот и се улогорија во Ритма.

  19. 19

    И тргнаа од Ритма и се улогорија во Римон–Фарец.

  20. 20

    И тргнаа од Римон–Фарец и се улогорија во Ливна.

  21. 21

    И тргнаа од Ливна и се улогорија во Риса.

  22. 22

    И тргнаа од Риса и се улогорија во Кеелата.

  23. 23

    И тргнаа од Кеелата и се улогорија во гората Сефер.

  24. 24

    И тргнаа од гората Сефер и се улогорија во Арада.

  25. 25

    И тргнаа од Арада и се улогорија во Макелот.

  26. 26

    И тргнаа од Макелот и се улогорија во Таат.

  27. 27

    И тргнаа од Таат и се улогорија во Тара.

  28. 28

    И тргнаа од Тара и се улогорија во Митка.

  29. 29

    И тргнаа од Митка и се улогорија во Асмона.

  30. 30

    И тргнаа од Асмона и се улогорија во Мосерот.

  31. 31

    И тргнаа од Мосерот и се улогорија во Вене–Јаакан.

  32. 32

    И тргнаа од Вене–Јаакан и се улогорија во Ор–Агидгад.

  33. 33

    И тргнаа од Ор–Агидгад и се улогорија во Јотвата.

  34. 34

    И тргнаа од Јотвата и се улогорија во Аврона.

  35. 35

    И тргнаа од Аврона и се улогорија во Ецион–Гавер.

  36. 36

    И тргнаа од Ецион–Гавер и се улогорија во пустината Син, тоа е Кадис.

  37. 37

    И тргнаа од Кадис и се улогорија на гората Ор, на крајот од едомската земја.

  38. 38

    И свештеникот Арон се искачи на гората Ор по Господова заповед и умре таму, во четириесеттата година по излегувањето на Израелевите синови од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот.

  39. 39

    А Арон беше на возраст од сто и дваесет и три години кога умре на гората Ор.

  40. 40

    А ханаанскиот цар Арад, кој живееше во Негев, во ханаанската земја, чу дека доаѓаат Израелевите синови.

  41. 41

    И тргнаа од гората Ор и се улогорија во Салмона.

  42. 42

    И тргнаа од Салмона и се улогорија во Пунон.

  43. 43

    И тргнаа од Пунон и се улогорија во Овот.

  44. 44

    И тргнаа од Овот и се улогорија во Ије–Аварим, на моавската граница.

  45. 45

    И тргнаа од Ијим и се улогорија во Дивон–Гад.

  46. 46

    И тргнаа од Дивон–Гад и се улогорија во Алмон–Дивлатаим.

  47. 47

    И тргнаа од Алмон–Дивлатаим и се улогорија во Аваримските Гори, спроти Нево.

  48. 48

    И тргнаа од Аваримските Гори и се улогорија во моавските полиња, покрај Јордан спроти Ерихон.

  49. 49

    И се улогорија покрај Јордан, од Вет–Јесимот до Авел–Ситим, во моавските полиња.

  50. 50

    Господ му рече на Мојсеј во моавските полиња, покрај Јордан спроти Ерихон:

  51. 51

    „Кажи им на Израелевите синови и речи им: Кога ќе преминете преку Јордан во ханаанската земја,

  52. 52

    истерајте ги сите жители на земјата пред себе, уништете ги сите нивни ликови, уништете ги сите нивни лиени идоли и разурнете ги сите нивни височини.

  53. 53

    Освојте ја земјата и населете се во неа, зашто вам ви ја дадов земјата да ја поседувате.

  54. 54

    И разделете ја земјата со ждрепка како наследство според вашите семејства; на побројните дајте поголемо наследство, а на помалубројните дајте помало наследство. Каде кому ќе му падне ждрепката, тоа нека биде негово; според племињата на вашите татковци наследувајте.

  55. 55

    Но ако не ги истерате жителите на земјата пред себе, тогаш оние што ќе ги оставите од нив ќе ви бидат како трње во очите и како боцки во страните, и ќе ве притискаат во земјата во која ќе живеете.

  56. 56

    И ќе ви направам вам како што бев намислил да им направам ним.“