Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 1

  1. 1

    Блажен е човекот што не оди по советот на безбожните, не застанува на патот на грешниците и не седи во собранието на потсмевачите.

  2. 2

    Неговата радост е во Господовиот закон и за Неговиот закон размислува дење и ноќе.

  3. 3

    Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, кое го дава својот плод во свое време и чиј лист не вене; во сѐ што прави напредува.

  4. 4

    Но безбожните не се такви; тие се како плева што ветерот ја разнесува.

  5. 5

    Затоа безбожните нема да се одржат на судот, ниту грешниците во собранието на праведните.

  6. 6

    Зашто Господ го знае патот на праведните, а патот на безбожните води во пропаст.