Псалми
Глава 100
- 1
Цела земјо, воскликни Му радосно на Господ!
- 2
Служете Му на Господ со радост и дојдете пред Него со радосни песни.
- 3
Знајте дека Господ е Бог. Тој нѐ создаде и Негови сме; ние сме Негов народ и овци на Неговото пасиште.
- 4
Влезете во Неговите порти со благодарност и во Неговите дворови со пофалба; благодарете Му и славете го Неговото име.
- 5
Зашто Господ е добар; Неговата милост трае довека, а Неговата верност останува од поколение во поколение.