Псалми
Глава 99
- 1
Господ царува — нека треперат народите! Тој престојува меѓу херувимите — нека се затресе земјата!
- 2
Господ е велик на Сион и е возвишен над сите народи.
- 3
Нека го слават Твоето велико и страшно име — Тој е свет!
- 4
Силниот Цар ја љуби правдата. Ти ја утврди праведноста и во Јаков извршуваш суд и правда.
- 5
Возвишувајте Го Господ, нашиот Бог, и поклонете се пред подножјето на Неговите нозе — Тој е свет!
- 6
Мојсеј и Арон беа меѓу Неговите свештеници, а Самоил меѓу оние што го повикуваа Неговото име. Тие Го повикуваа Господ, и Тој им одговараше.
- 7
Од столбот од облак им зборуваше; тие ги пазеа Неговите сведоштва и заповедите што им ги даде.
- 8
Господи, Боже наш, Ти им одговараше; за нив беше Бог Кој простува, но и Бог Кој ги казнува нивните зли дела.
- 9
Возвишувајте Го Господ, нашиот Бог, и поклонете се на Неговата света гора; Господ, нашиот Бог, е свет!