Псалми
Глава 98
- 1
Пејте Му на Господ нова песна, зашто направи чудесни дела; Неговата десна рака и Неговата света мишка Му донесоа победа.
- 2
Господ го направи Своето спасение познато и ја откри Својата праведност пред очите на народите.
- 3
Се сети на Својата милост и верност кон Израелевиот дом; сите краишта на земјата го видоа спасението што доаѓа од нашиот Бог.
- 4
Воскликнете Му радосно на Господ, сите земји; запејте, радувајте се и пејте Му пофалби.
- 5
Пејте Му на Господ со харфа; нека се спојат харфата и гласот на песната.
- 6
Со труби и звук на рог радосно воскликнувајте пред Царот, Господ.
- 7
Нека бучи морето со сѐ што е во него, светот и сите негови жители.
- 8
Реките нека ракоплескаат, а планините заедно нека воскликнуваат од радост
- 9
пред Господ, зашто Тој доаѓа да ѝ суди на земјата; на светот ќе му суди праведно, а на народите чесно.