Псалми
Глава 110
Господ му рече на мојот Господ: „Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе.“ (Псалми 110:1)
Од Сион Господ ќе го протегне владетелскиот стап на Твојата сила; владеј среде Своите непријатели! (Псалми 110:2)
Твојот народ доброволно ќе Ти се предаде во денот кога ќе ја покажеш Својата сила, облечен во свето величие; од утробата на зората Ти припаѓа росата на Твојата младост. (Псалми 110:3)
Господ се заколна и нема да се премисли: „Ти си свештеник довека, според редот на Мелхиседек.“ (Псалми 110:4)
Господ е од Твојата десна страна; во денот на Својот гнев ќе ги скрши царевите. (Псалми 110:5)
Ќе им суди на народите, земјата ќе ја исполни со мртви тела и ќе го скрши поглаварот што владее над пространата земја. (Псалми 110:6)
Ќе пие од потокот покрај патот, и затоа ќе ја крене главата. (Псалми 110:7)