Псалми
Глава 111
- 1
Ќе Го славам Господ од сето срце, заедно со праведните во нивниот совет и во собранието.
- 2
Големи се Господовите дела, и сите што уживаат во нив со радост ги истражуваат.
- 3
Славно и величествено е она што Тој го прави, а Неговата праведност трае довека.
- 4
Тој направи Неговите чудесни дела да не се заборават; благ и милостив е Господ.
- 5
Им дава храна на оние што имаат страв од Него и никогаш не го заборава Својот завет.
- 6
На Својот народ му ја покажа силата на Своите дела, кога му го даде наследството на другите народи.
- 7
Делата на Неговите раце се верни и праведни, а сите Негови заповеди се сигурни.
- 8
Тие се утврдени засекогаш и довека и се исполнуваат во верност и праведност.
- 9
Тој му донесе откупување на Својот народ и го утврди Својот завет довека; свето и достојно за почит е Неговото име.
- 10
Стравот од Господ е почеток на мудроста; добар разум имаат сите што живеат според него. Неговата пофалба трае довека.