Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 113

  1. 1

    Славете Го Господ, вие Господови слуги; славете го Господовото име!

  2. 2

    Славно нека биде Господовото име отсега и довека.

  3. 3

    Од изгрејсонце до зајдисонце нека се слави Господовото име.

  4. 4

    Господ е возвишен над сите народи, а Неговата слава е повисока од небесата.

  5. 5

    Кој може да се спореди со Господ, нашиот Бог, Кој живее во височините,

  6. 6

    а сепак се наведнува за да погледне и на небото и на земјата?

  7. 7

    Тој го крева сиромашниот од правта и го издигнува бедниот од буништето,

  8. 8

    за да му даде место меѓу владетелите, меѓу водачите на Својот народ.

  9. 9

    На бездетната жена ѝ подарува дом и ја исполнува со радост како мајка на деца. Алилуја!