Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 114

  1. 1

    Кога Израел излезе од Египет, кога Јакововиот дом си замина од народ што зборуваше туѓ јазик,

  2. 2

    Тогаш Јуда стана Божјо светилиште, а Израел земја под Негова власт.

  3. 3

    Морето го виде тоа и се повлече, а Јордан потече назад.

  4. 4

    Планините потскокнуваа како овни, а ридовите како млади јагниња.

  5. 5

    Што ти се случи, море, па побегна? А ти, Јордане, зошто се врати назад?

  6. 6

    А вие, планини, зошто потскокнувавте како овни, и вие, ридови, како јагниња?

  7. 7

    Трепери, земјо, пред Господ, пред присуството на Јакововиот Бог,

  8. 8

    Кој ја претвора карпата во воден поток, а кременот во извор на вода.