Псалми
Глава 115
- 1
Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај слава, заради Својата милост и верност.
- 2
Зошто народите да прашуваат: „Каде е сега нивниот Бог?“
- 3
Нашиот Бог е на небесата и го прави сето она што Му е угодно.
- 4
А нивните идоли се само сребро и злато, дело направено со човечки раце.
- 5
Имаат уста, но не можат да зборуваат; имаат очи, но не можат да гледаат.
- 6
Имаат уши, но не слушаат; имаат нос, но не можат да мирисаат.
- 7
Имаат раце, но не допираат; имаат нозе, но не одат, и никаков глас не излегува од нивното грло.
- 8
Какви што се тие, такви ќе станат и оние што ги прават, како и секој што ја положува својата надеж во нив.
- 9
Израеле, надевај се на Господ! Тој е нивната помош и нивниот штит.
- 10
Аронов доме, надевајте се на Господ! Тој е нивната помош и нивниот штит.
- 11
Вие што имате страв од Господ, надевајте се на Него! Тој е нивната помош и нивниот штит.
- 12
Господ не нѐ заборави и ќе нѐ благослови; ќе го благослови Израелевиот дом и ќе го благослови Ароновиот дом.
- 13
Ќе ги благослови сите што имаат страв од Господ, и малите и големите.
- 14
Господ нека ве умножува сѐ повеќе, и вас и вашите деца.
- 15
Вие сте благословени од Господ, Создателот на небото и земјата.
- 16
Небесата се Господови, а земјата им ја даде на луѓето.
- 17
Мртвите не Го фалат Господ, ниту оние што слегуваат во тишината на смртта.
- 18
Но ние ќе Го славиме Господ отсега и довека. Алилуја!