Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 123

  1. 1

    Кон Тебе ги кревам своите очи, Ти Кој живееш на небесата.

  2. 2

    Како што очите на слугите се вперени во раката на нивниот господар, и како што очите на слугинката гледаат кон раката на нејзината господарка, така и нашите очи се свртени кон Господ, нашиот Бог, сѐ додека не ни се смилува.

  3. 3

    Смилувај ни се, Господи, смилувај ни се, зашто веќе премногу презир поднесовме.

  4. 4

    Нашата душа е заситена од потсмевањето на безгрижните и од презирот на горделивите.