Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 124

  1. 1

    „Да не беше Господ со нас“ – нека го каже сега Израел –

  2. 2

    „да не беше Господ на наша страна кога луѓето се кренаа против нас,

  3. 3

    тогаш ќе нѐ проголтаа живи, додека нивниот гнев пламтеше против нас.

  4. 4

    Тогаш водите ќе нѐ потопеа, а поројот ќе поминеше над нашата душа.

  5. 5

    Разбеснетите води ќе поминеа над нас и ќе нѐ проголтаа.“

  6. 6

    Славен нека биде Господ, Кој не нѐ предаде како плен во нивните заби!

  7. 7

    Нашата душа избега како птица од стапицата на ловците; стапицата се скрши, и ние се избавивме.

  8. 8

    Нашата помош е во името на Господ, Создателот на небото и земјата.