Псалми
Глава 125
- 1
Оние што се надеваат на Господ се како Сионската Гора: не може да се поколеба, туку останува довека.
- 2
Како што ридовите го опкружуваат Ерусалим, така Господ го опкружува Својот народ, отсега и довека.
- 3
Зашто власта на безбожните нема засекогаш да остане над земјата што им е дадена на праведните, за и праведните да не посегнат по беззаконие.
- 4
Господи, прави им добро на добрите, на оние што имаат искрено срце.
- 5
А оние што тргнуваат по криви патишта Господ ќе ги одведе заедно со сите што вршат беззаконие. Мир над Израел!