Псалми
Глава 126
- 1
Кога Господ ги врати заробениците на Сион, сето тоа ни изгледаше како сон.
- 2
Тогаш устата ни се исполни со смеа, а јазикот со радосни песни. Дури и меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!“
- 3
Навистина, Господ направи големи дела за нас, и затоа срцата ни се полни со радост.
- 4
Господи, врати ги нашите заробеници како што потоците повторно ја напојуваат јужната земја.
- 5
Оние што сеат со солзи ќе жнеат со радосни извици.
- 6
Кој излегува со солзи, носејќи семе за сеење, ќе се врати со радосни извици и ќе ги носи своите снопови.