Прескокни кон главната содржина

Псалми

Глава 13

  1. 1

    До кога, Господи? Ќе ме забораваш ли засекогаш? До кога ќе го криеш Своето лице од мене?

  2. 2

    До кога ќе носам грижи во душата и секој ден тага во срцето? До кога мојот непријател ќе се издигнува над мене?

  3. 3

    Погледни кон мене и одговори ми, Господи, Боже мој! Врати им светлина на моите очи, за да не заспијам во смрт,

  4. 4

    за да не рече мојот непријател: „Го совладав“, и моите противници да не се радуваат ако се поколебам.

  5. 5

    Но јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува на Твоето спасение.

  6. 6

    Ќе Му пеам на Господ, зашто Тој ми направи добро.